24фудбал

Роналдо: По поразот во 2004 побарав Бог да ми даде уште една шанса

Кристијано Роналдо не може да ја сокрие радоста по освоеното Европско првенство, вели дека ова е посебен момент за него и за Португалија, вечер која никогаш нема да може да се заборави.

ЕУРО 2016

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо го крена големиот трофеј на Европското првенство, момент кој со златни букви ќе биде запишан во историјата на Португалија.

„Пресреќен сум, ова е нешто што долго време го сакав, откако во 2004 го загубивме финалето. Побарав од Бог да ми даде уште една шанса. Португалците го заслужија ова, нашите играчи го заслужија ова“ - вели Роналдо по мечот.

„За жал работите не се одвиваа добро за мене. Се повредив уште на почетокот. Но секогаш верував во овие фудбалери. Тие имаат квалитет и способност, заедно со стратегијата на селекторот да победат“.

„Ја победивме Франција и пресреќен сум. Ова е еден од најсреќните мои моменти во кариерата. Отсекогаш сакав да освојам трофеј со националниот тим и да креирам историја. Го направив тоа. Му благодарам на Бога што работите добро завршија за нас“.

„Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, на нашиот селектор, на целиот тим кој беше тука на Европското првенство, на португалските луѓе и сите емигранти тука кои секогаш беа со нас, навиваа за нас уште од самиот почеток. Ова е единствен момент за мене, посебен за сите Португалци, нешто незаборавно“.