24фудбал

Пепе: Дадовме крв, пот и солзи за ова

Најдобриот на теренот во финалето, Пепе вели дека повредата на Роналдо им дала дополнителна енергија на соиграчите да дојдат до најголемиот трофеј во историјата на Португалија.

ЕУРО 2016

Пепе е еден од хероите на Португалија чии имиња ќе бидат запишани во фудбалската историја на оваа земја.

Дефнзивецот го понесе и признанието за најкорисен играч во финалето на Европското првенство.

„Тешко беше, го загубивме нашиот главен играч бидејќи тој може да постигне гол во секој момент“ - вели Пепе за Роналдо.

„Се обидов да им кажам на соиграчите дека треба да победиме за него“.

„Тренерот исто така регираше многу добро со замените. Ја дадовме нашата крв, пот и солзи за ова“.

„Испишавме фантастична страница во книгата на португалската фудбалска историја“.