24фудбал

Ренато Санчез го урна рекордот на Роналдо и стана најмладиот финалист на ЕП

Новата надеж на португалскиот фудбал, Ренато Санчез ја доби наградата за најмлад играч во финалето на Европските првенства.

ЕУРО 2016

Новото засилување на Баерн Минхен со 18 години и 328 дена стана најмладиот фудбалер кој играл во едно финале на Европското првенство.

Новото засилување на Баерн Минхен го помина неговиот сонародник Кристијано Роналдо кој во 2004 година настапи со 19 години и 150 дена.

Најмладите играчи во финале на ЕП:

1. Ренато Санчез (Португалија - Франција 2016) 18 години 328 дена

2. Кристијано Роналдо (Португалија - Грција 2004) 19 години 150 дена

3. Анатоли Баидачни (Советски сојуз - Западна Германија 1972) 19 години 262 дена

4. Јован Ачимовиќ (Италија - Југославија 1968) 19 години 354 дена

5. Пјетро Анастаси (Италија - Југославија 1968) 20 години 63 дена