24фудбал

Кој предвреме го спрема автобусот за славје, обично не слави (ФОТО)

Синоќа се беше подготвено за Франција да ја прослави Европската круна, дури и автобусот за славје беше спремен, но им се случи нешто слично како и на фудбалерите на Ајакс

ЕУРО 2016

Французите како предвреме да почнаа да ја слават титулата Европски шампион и тоа им се удри од глава.

Пред вчерашниот натпревар се појавија слики од шампионски автобус на Франција на кои веројатно денеска требаа да бидат качени фудбалерите со пехарот. Но тоа не се случи.



На крајот од минатата сезона сличен сеир трпеше и Ајакс. Им требаше само победа кај слабиот Де Графшап за да ја заверат титулата. Автобусот беше спремен за прослава на шампионската круна. Но фудбалерите на Франк Де Бур одиграа само 1-1 и му го подарија трофејот на ПСВ. 


Не џабе рекол народот: „Прво скокни, па кажи оп“.