24фудбал

Седрик: Роналдо ни одржа неверојатен говор на полувреме

Десниот бек на Португалија, Седрик Соареш открива дека капитенот Кристијано Роналдо на полувреме им одржал неверојатен говор и дополнително ги мотивирал

ЕУРО 2016

Напаѓачот поради повреда рано го заврши настапот на големото финале, па во поголемиот дел од средбата од клупата за резерви делеше совети и ги бодреше своите соиграчи.

Херојот на Португалија, Едер откри како бил мотивиран од Кристијано Роналдо пред да влезе во игра, и зборовите на капитенот му дале сила и енергија да го постигне победоносниот гол.

Десниот бек Седрик Соареш сега вели дека Кристијано Роналдо на полувремето одржал фантастичен говор.

„Кога тој беше заменет, тоа беа тешки моменти – вели Седрик. „Сите бевме помалку шокирани.

„На полувреме, Крстијано имаше фантастични зборови за нас, одржа неверојатен говор, не инспирираше и ни даде самодоверба.

„Ни рече, „луѓе слушнете, сигурен сум дека ќе победиме, по останете сплотени и борете се“.

„Можеби со солзи во очите го напушти теренот, но во ниту еден момент не беше разочаран од повредата. Беше фантастичен. Неговото однесување беше неверојатно. Постојано помагаше, ги мотивираше сите и тимот одговори.

„Имаше вистински збор за секој играч во секој момент од натпреварот...