Категорија: ЕУРО 2016 11.07.2016 09:39
Едер беше херојот на Португалија на вчерашниот дуел со Франција, напаѓачот во 109. минута со удар од врвот на шеснесетникот го совлада Хуго Лорис.
По крајот на натпреварот, Едер октри дека пред да влезе во игра капитенот Кристијано Роналдо му кажал дека тој ќе го постигне победоносниот гол.
Запрашан дали навистина ова му го кажал на Едер, ѕвездата на Реал Мадрид и Португалија рече: „Долго време сум во фудбалот, и го имав тоа чуство”.
„Почуствував дека тој ќе ги реши нашите проблеми”.
„Не сум магионичар ниту пак јасновидец, но едноставно знаев дека Едер ќе постигне гол”
„Среќен сум за него. Едвај играше на Европското првенство и постигна гол за титулата”.