24фудбал

Откриено е зошто толку бубачки го нападнаа „Сент Дени“ (ФОТО)

Необични сцени се случуваа на финалниот натпревар помеѓу Франција и Португалија, целиот стадион беше преплавен со пеперутки.

ЕУРО 2016

Покрај случувањата на теренот, финалето на Европското првенство го одбележаа и бубачките кои ги имаше во огромен број на „Сент Дени“.

Една од нив се прослави кога застана на лицето на Кристијано Роналдо кој седна на теренот поради повреда.

Подоцна беше откриено зошто толку бубачки го нападнаа „Сент Дени“ за време на финалниот меч.

Се работи за грешка на организаторот кој ноќта во пресрет на финалето ги оставил рефлекторите на стадионот вклучени, па рој бубачки се собирале на осветлувањето речиси два дена.