24фудбал

Сантош за Едер: Грдото пајче стана прекрасен лебед

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош упати пофални зборови на адреса на стрелецот на победничкиот гол против Франција, Едер

ЕУРО 2016

28 годишниот напаѓач имаше мала минутажа на Европското првенство, но одговори на предизвикот кога најмногу требаше и со гол во судиското продолжение на Португалија и донесе триумф на ЕУРО 2016.

„Уште кога го извадив Роналдо помислив да го пуштам Едер во игра – вели селекторот Фернандо Сантош.

„Но решив да ја променам играта и го ставив Нани во форот за подобро да може да ја искористи брзината.

„Сепак, ни беше потребен напаѓач за тимот да може да излезе, ни беше потребен некој добар во воздушните дуели, кој ќе им создава проблеми на Французите.

„Пред Едер да влезе во игра ми рече дека ќе постигне гол и токму тоа го стори.

„Заслужува честитки. Грдото пајче стана прекрасен лебед.