24фудбал

Како Грција им „помогна“ на Лестер и Португалија да станат шампиони

Грција има индиректно влијание во сензационалните титули на Лестер и Португалија оваа година.

ЕУРО 2016

Две огромни изненадувања се случија оваа година. Лестер направи нешто неверојатно, нешто што не можеше ниту да се замисли, ја освои титулата во Премиерлигата покрај сите гиганти кои трошат по стотици милиони. А Португалија синоќа го освои Европското првенство во Франција иако не беше сметана меѓу фаворитите.

Лестер го слави Клаудио Раниери, а Португалија Фернандо Сантош, но што е заедничков за овие двајца тренери? Одговорот е Грција.

Во 2014 година и двајцата како селектори се разделија со Грција и две години подоцна направија сензационален успех.

Фернандо Сантош од 2010 беше селектор на Грција. На Светското првенство во Бразил 2014 за прв пат во нејзината историја ја однесе во нокаут фазата, каде беше елиминирана на пенали од Коста Рика. На тој дуел пред пенал серијата Фернандо Сантош беше исклучен поради непристојно однесување и доби суспензија од осум натпревари. Грција одлучи да не го продолжи договорот со него и тој замина и седна на кормилото на Португалија.

Негов наследник беше Клаудио Раниери кој само неколку месеци успеа да се задржи на клупата. Имаше очајна серија резултати кои кулминираа со домашен пораз од Фарските Острови по што доби отказ. Италијанецот премина во Лестер и испиша неверојатна приказна.