24фудбал

Мајката на Роналдо преку твитер го нападна Паје (ФОТО)

Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро преку својот твитер профил реагираше на стартот на Димитри Паје кој го повреди нејзиниот син.

ЕУРО 2016

Димитри Паје со еден невнимателен старт го повреди Кристијано Роналдо кој рано мораше да го заврши  финалето на Европското првенство.

За време на натпреварот мајката на Кристијано Роналдо се огласи преку својот твитер профил.

„Не можам да го гледам мојот син ваков. Во играта треба да се шутира топката, а не да се повредува противникот“ - напиша Долорес Авеиро.