24фудбал

Погодил дека Едер ќе го постигне првиот гол и заработил 1 милион фунти

32 годишен фан на Астон Вила погодил дека Едер ќе го постигне првиот гол во финалето на Европското првенство и заработил 1 милион фунти

ЕУРО 2016

За време на ЕУРО 2016, обложувалницата БетВиктор на своите клиенти им понуди можност да станат милионери.

БетВиктор се сложи да исплати 1 милион фунти на оној кој ќе ја погоди минутата во која ќе биде постигнат првиот гол и името на стрелец во финалето на Европското првенство.

Доколку никој точно не погоди, победник е оној кој ќе биде најблиску, а еден фан на Астон Вила погодил дека Едер прв ќе ја затресе мрежата.

Но БетВиктор утрово се пожали дека среќникот се уште се нема јавено, па преку социјалните мрежи побара помош да се пронајде новиот милионер.

Неколку часа подоцна обложувалницата успеа да го лоцира добитникот, тој бил на одмор со своето семејство и не знаел дека го чека 1 милион фунти.