Категорија: ЕУРО 2016 12.07.2016 17:04
Повеќе ѕвезди потфрлија на Европското првенство, а „Марка“ се обиде да направи тим од оние познати играчи кои беа далеку од своето ниво.
Спортскиот весник состави тим во формација 3-4-3.
На голот е Џо Харт, а одбраната ја сочинуваат Давид Алаба, Серхио Рамос и Хуанфран. Во средината се Стерлинг, Погба, Туран и Томас Милер, а напаѓачкото триу е Ибрахимовиќ, Левандовски и Кејн.