24фудбал

„Билд“: Француски фудбалер користел допинг во полуфиналето против Германија (ФОТО)

Германскиот весник „Билд“ тврди дека француски фудбалер се допингувал пред натпреварот против Германија во кој домаќинот победи со 2-0.

ЕУРО 2016

Со два гола на Антоан Гризман, Франција ја победи Германија и се пласираше во финалето на Европското првенство, но германските медиуми обвинуваат за нерегуларност.

По полуфиналниот дуел на новинарите им бил дозволен пристап до соблекувалните на фудбалерите, а во француската новинарите од „Билд“ виделе опаковка од „Гуросан“ кој е средство на база на кофеин и се користи како стимуланс за повеќе енергија и опоравување на телото.

Но и тврдењата на „Билд“ да се вистинити, Гуросан не е супстанца која е забранета, па фудбалерите слободно може да ја користат.

„Билд“ разговараше со допинг експерт, професор Фриц Сергел кој смета дека „Гуросан“ е допинг и треба да биде забрането средство.

„Според Анти Допинг Кодот на ВАДА, секое средство кое се користи за да се добие предност на противникот се смета за допинг“ - вели Фриц Сергел.

„Според мене Гуросанот исто така е допинг. Докажано е дека перформансите можат да бидат подобрени со коефеин. Што значи дека е допинг“.