Категорија: ЕУРО 2016 15.07.2016 12:11
Само неколку дена откако постигна гол против Франција и на Португалија и ја донесе првата титула од Европските првенства, Едер откри шокантна сторија поврзана со неговиот татко и неговата макеа.
„Мојот татко е во затвор во Англија уште кога јас имав 12 години. Мојата макеа почина и тој беше обвинет дека ја убил” – вели напаѓачот.
„Мислам дека го осудија на 16 години затвор”.
Веднаш штом го потпишал првиот професионален договор во 2008 со Академика и заработил доволно пари, Едер отпатувал за Англија да го посети својот татко.
„Кога потпишав за Академика и почнав да заработувам, веднаш отпатував во Англија за да го посетам татко ми во затворот”.
„Секогаш кога имав слободни денови патував за Англија”.