24фудбал

Белгија и Вилмотс се разделија

Марк Вилмотс повеќе не е селектор на Белгија, стратегот и ФФБ постигнаa согласност за прекин на соработката

ЕУРО 2016

„Црвените Ѓаволи одиграа под очекувањата на Европското првенство, беа елиминирани во четвртфиналето од дебитантот Велс, па првите луѓе на Фудбалската федерација на Белгија решија да го разрешат селекторот Марк Вилмотс.

„ФФБ денеска постигна согласност со Марк Вилмотс за прекин на договорот кој беше со трајност до 2018 – гласеше известувањето.

„Техничкиот комитет при ФФБ направи проценка на ЕУРО 2016 и беше заклучено дека зацртаните цели не беа остварени.

„Веруваме дека на групата и е потребен нов импулс за да бидат остварени подобри резултати.