24фудбал

Челси подобар од Милан (ВИДЕО)

Челси со 3-1 го победи Милан во пријателски меч, два од трите погодоци за сините беа дело на Оскар.

Видео

Челси и Милан одиграа ефикасен подготвителен меч кој му припадна на англискиот тим.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога Траоре само се „поклони“ и даде гол за водство од 1-0 на Челси. Во 38. минута прекрасен гол на Бонавентура од слободен удар за изедначување на 1-1.

Во 70. минута беше досуден пенал за Челси поради играње со рака на Поли, Оскар беше прецизен за ново водство, Бразилецот беше стрелец и на третиот гол кој го постигна на три минути до крајот.