24фудбал

Фан скокна од трибините за да го гушне Меси (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ не е единствениот фудбалер кој привлекува огромно внимание во Шведска, Лео Меси вчера предизвика лудило во Стокхолм

Видео

Барселона и Лестер вчера одиграа пријателски натпревар во Шведска а секако најголемо внимание привлече Лео Меси.

Еден фан дури скокна од трибините за да го гушне својот идол кој влегуваше во тунелот кон соблекувалните.

Но и покрај огромниот напор, навивачот не успеа во својата намера, обезбедувањето реагираше експресно и го собори на земја.