24фудбал

Тотенхем го прегази Интер со 6-1 (ВИДЕО)

„Нероаѕурите“ доживеаа уште еден пораз на подготовките, овој пат со високи 6-1 го загубија дуелот со Тотенхем

Видео

Интер му парираше само едно полувреме на Тотенхем, избраниците на Роберто Манчини потфрлија во вториот дел и забележаа уште еден лош резултат на подготовките за новата сезона.

„Спарси“ поведоа веќе во 5. минута со голот на Кејн од пенал.

Перишиќ изедначи на 1-1 во 24. минута но на пет минути до крајот на првиот дел, Ламела одново ја врати предноста на Тотенхем.

Во вториот дел, најпрво Али зголеми на 3-1 во 52. минута, а дебакалот на Интер го најави Кејн со својот втор гол во 57. минута.

Јансен стрелеше прецизно во 65. минута, а Харисон во 77. минута ги постави конечните 6-1.