24фудбал

Во Чиле се оранизира марш за заминување на Санчез од Арсенал!

Чиле се мобилизира, сонародниците на Алексис Санчез сакаат фудбалерот да се пресели во клуб во кој ќе може да се бори за најголемите трофеи.

Англија

Необична вест доаѓа од Чиле, жителите на оваа земја организираат марш за Алексис Санчез да замине од Арсенал!

Веќе се пријавиле 4.000 луѓе кои ќе учествуваат на маршот кој се вика „Национален марш за Алексис Санчез да го напушти Арсенал“.

Неизвесна е иднината на Санчез во Арсенал, неговиот договор истекува по крајот на идната сезона, а преговорите за нов се одолговлекуваат.

За неговите услуги постои интерес од Јувентус и ПСЖ и реална е можноста да замине од Арсенал по крајот на сезоната.

„Ние, како Чилеанци сме уморни да ја гледаме нашата најголема ѕвезда како сам се бори за својот тим“ - се вели во ивентот за маршот на фејсбук.

„Не сакаме да игра за Реал Мадрид, ниту да се врати во Барселона, не ни е гајле каде ќе игра, само сакаме да се бори заедно со уште десет играчи за остварување на резултати“.

„Не заслужува да биде осамен“.

Маршот ќе се случи во Сантијаго на 1. март.