Категорија: Англија 17.02.2017 15:12
„Топчиите“ во средата претрпеа дебакал на гостувањето кај Баерн Минхен од 5-1, па фановите жестоко удрија по Арсен Венгер и одново побараа Французинот да го напушти клубот.
„Дури и да заминам, Арсенал нема да бележи победи на секој натпревар” – рече Арсен Венгер на денешната прес конференција.
Фановите не се единствените кои го посакуваат „скалпот“ на менаџерот, поранешни играчи на Арсенал и стручни коментатори побараа Арсен Венгер да го напушти кормилото на клубот, а некои дури предложија тој да замине во пензија.
Французинот е под договор со „Топчиите“ до крајот на сезоната, но се верува дека на маса има нов две годишен договор.
„Важно е клбот да ја донесе правата одлука. Тука сум 20 години па секако дека се грижам”.
„Имав многу прилики да заминам на друго место, но се грижев за овој клуб и неговата иднина”.
„Важено е клубот да биде во безбедни раце”.
„Без разлика што ќе се случи, јас ќе работам и следната сезона. Не е сигурно само тоа дели ќе работам во Арсенал или на некое друго место”.