24фудбал

Давид Виља направи глупост на пријателски меч па беше исклучен со помош на видео технологија (ВИДЕО)

На пријателски натпревар помеѓу Њујорк Сити и Хјустон Динамо, Давид Виља удри противнички фудбалер по лице, судијата го прегледа инцидентот со помош на видео технологија по што реши да му покаже црвен картон на шпанскиот играч.

Видео

Во прв момент на Виља му беше покажан жолт картон, но судијата одлучи да го погледне инцидентот на видео по што му даде директен црвен картон на напаѓачот.

Иако не беше некој силен удар, Давид Виља направи голема глупост со намерно удирање на противникот по лице и тоа на пријателски меч.