24фудбал

Ѓорѓи Христов со гол на денот на фејсбук страната на Премиерлигата (ВИДЕО)

Гол на поранешниот македонски фудбалер, Ѓорѓи Христов се најде денеска на фејсбук страната на Премиерлигата како гол на денот.

Македонија

Премиерлигата не го заборава поранешниот македонски фудбалер, Ѓорѓи Христов кој го носеше дресот на Барнсли во Англија.

Денеска на официјалната фејсбук страна на Премиерлигата во рубриката гол на денот, се појави погодок на Христов од 31. март 1998 година против Блекбурн.

Христов три години беше фудбалер на Барнсли од 1997 до 2000 година.