24фудбал

Луис Суарез го оствари сонот на едно дете (ВИДЕО + ФОТО)

Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез направи добар гест откако запозна едно момче кое долго се обидувало да дојде до својот идол, но фудбалерот на Барса го игнорирал во минатото.

Јужна Америка

Уругвај доживеа голем пораз од Бразил од 4-1 во Монтевидео, во среда ќе пробаат да го поправат впечатокот на гостувањето кај Перу. Но и покрај загубениот меч, Суарез најде време за еден убав гест.

Едно дете, по име Лукас долго време се обидувал да се запознае со Луис Суарез.

Неговата приказна стигна и до весникот „Овасион“ кој излезе со насловна од која се гледа како момчето се труди да се запознае со Суарез, а фудбалерот го игнорира.


Откако насловната страна на весникот стана го преплави интернетот, Луис Суарез реши да ја поправи грешката која била ненамерна и да го оствари сонот на момчето.