24фудбал

Ужасни сцени во Аргентина, фан во кома откако „како партал“ беше фрлен од трибина (ВИДЕО)

Млад навивач на Белграно се бори за животот откако беше фрлен од трибина на дуелот со локарниот ривал Таљерес

Јужна Америка

22 годишниот Езекиел Балбо е во кома и се бори за животот откако викендов беше фрлен од трибина на дуелот помеѓу Белграно и Таљерес.

Во прв момент се говореше дека инцидентот се случил бидејќи тој се нашол на погрешна трибина, и бил помешан со навивач на локалниот ривал Таљерес.

Но неговиот татко откри сосема друга страна на приказната, и обвини дека Езекиел Балбо бил нападнат од лице кое во 2012 го убил неговиот втор син!

Зборувајќи за локална радио станица, Раул Балбо рече: „Тој веќе уби еден мој син и сега сака да ми го земе и другиот.

„Мојот син не беше на погрешен дел од трибината ниту пак има тетоважи на Таљерес.

„Проблем е тоа што Езекиел на трибината налета на луѓето кои пред пет години го убија неговиот брат.