24фудбал

Фудбалер уапсен на терен за време на натпревар (ВИДЕО)

Фудбалерот Марлон Натанијел, член на бразилскиот клуб Сапукајенсе од втората дивизија беше уапсен за време на натпревар.

Јужна Америка

Информациите од Бразил велат дека 21-годишниот играч се товарел за неколку кривични дела, учество во киднапирање, злоупотреба на кредитни картички и возење на украдени автомобили.

Полицијата од Порто Алегре ја немала неговата адреса на живеење, па одлучила да го уапси за време на натпреварот. Во станицата тој ги негирал делата за кои е обвинет.

Апсењето се случило за време на натпревар додека Натанијел седел на клупата за резервни играчи.