24фудбал

Стефан Ристовски продре како Спиди Гонзалес, Де Геа долго ќе го памети овој гол... (ВИДЕО)

Брзоногиот офанзивен бек ги претрча своите противници и на крајот погоди за голема радост на македонските навивачи.

Македонија

Македонија одигра очајно прво полувреме против Шпанија во Скопје на шестиот меч од квалификациите за СП Русија 2018, па имаше негатива од 0-2 по првиот дел.

Во второто полувреме Ангеловски се реши прилика за настап да му даде на младиот Елмаз кој влезе на местото на Стјепановиќ, тоа внесе голема свежина во нашиот тим, веќе во 66. Минута Стефан Ристовски погоди по една полу контра, претходно ги „прелета“ своите противници кои не беа во можност да го следат брзоногиот македонски репрезентативец.