24фудбал

Роналдо му наредил на Мендеш: Однеси ме во Манчестер јунајтед

Медиумите од Португалија пишуваат дека Кристијано Роналдо знае каде сака да игра следната сезона, ЦР7 сака да се врати на Олд Трафорд

Англија

Весникот „А Бола“ прв објави дека Кристијано Роналдо сака да замине од Шпанија и Реал Мадрид ова лето, а сега пишува и за дестинацијата која ја одбрал играчот

ЦР7 сака да се врати на Олд Трафорд и одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“.

Според „А Бола“, Кристијано Роналдо му наредил на својот агент Жорж Мендеш да направи се што може за да го однесе во Манчестер јунајтед.

Претходно, добро упатениот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио соопшти дека Манчестер јунајтед е приоритет на Кристијано Роналдо.

Слична сторија беше објавена и на „Островото“, Скај Спортс пренесе дека Кристијано Роналдо е заинтересиран за можноста одново да го облече дресот на „Црвените Ѓаволи“.