24фудбал

Марота: Треба се донесе регулација за алчните агенти

Генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота бара регулација за алчните агенти кои заработуваат огромни пари со нечесни игри.

Италија

Според истражување на „Газета дело Спорт“, од 2013 до 2016 агентите официјално заработиле 982 милиони евра, што е огромна сума.

Еден е најпознатите агенти кој на годишно ниво од провизии заработува и повеќе од фудбалерите е Мино Рајола кој во моментов е во центарот на вниманието со случајот на Донарума.

„Кога клубот се соочува со конкуренција, особено од големите Европски клубови, нема избор освен да ги прифати барањата на агентите кои се надвор од секоја логика“ - вели Бепе Мората.

„Мораме да ја регулираме улогата на овие професионалци кои се искрени, но и многу алчни“.

Пример за алчноста на Мино Рајола е фактот што за трансферот на Погба во Манчестер јунајтед доби провизија од 27 милиони евра.