24фудбал

Проектил на Фабијан од 30 метри, ниту режисерот не очекуваше вакво голчиште (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Мексико постигна утешен погодок против Германија во полуфиналето од Купот на Конфедерациите, истиот беше триумф над физиката.

Видео

Германија славеше со високи и убедливи 4-1 над Мексико во полуфиналната фаза од Купот на Конфедерациите.

Се чини дека убедливата победа на Германците ја засени фудбалерот на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт, Марко Фабикан кој во 89. минута со еден фантастичен погодок од далечина намали на 3-1.

Тој испрати проектил од преку 30 метри и го фати неспремен целиот тим на „Панцирите“ а и режисерот на преносот, кој не очекуваше вакво голчиште. За среќа тука се повторените снимки.