24фудбал

Кутињо се врати во Васко да Гама да проследи натпревар и имаше што да види: Насилство на трибините и еден убиен навивач (ФОТО)

Ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо беше во посета на својот поранешен клуб Васко да Гама да го проледи големото дерби против Фламенго кое беше засенето од насилства помеѓу навивачите кои однесоа и една жртва.

Јужна Америка

Кутињо од ВИП ложата на стадинот на „Васко“ го следеше големото дерби, Фламенго како гостин го победи својот ривал со 1-0 по што започнаа насилствата.

Тоа беше прва победа на Фламенго на стадионот на Васко да Гама по цели 44 години. Фановите на домашниот тим не го прифатија поразот најдобро по што започнаа големи инциденти на трибините и надвор од стадионот.

Фановите се тепаа на трибините и надвор од стадионот, а еден навивач е убиен откако бил застрелан во градите.

Фудбалерите биле приморани брзо да го напуштат теренот поради лична безбедност откако ситуацијата на трибините доживеала кулминација. Дел од навивачите за да ги избегнат насилствата се спасувале влетувајќи во местата предвидени за новинарите.