24фудбал

Кондогбија си постигна автогол кој долго ќе се памети, го лобуваше својот голман од половина терен! (ВИДЕО)

Интер со 2-1 го победи Челси во пријателски натпревар, но она за што се зборува по мечот е автоголот на Кондогбија.

Италија

Интер со головите на Јоветиќ и Перишиќ имаше водство од 2-0 против Челси, кога на 15 минути до крајот на мечот Кондогбија успеа речиси од половина терен да ја затресе сопствената мрежа.