24фудбал

Тодоровски влезе во соблекувалната на Шкендија со песна од „Роки Балбоа“ и настана спектакуларно славје! (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак повторно во друштво на екипите претставници во плејофот од квалификациите за пласман во Лига Европа.

Македонија

Шкендија по втор пат во низа успеа да се пласира во плејофот од Лига Европа, тоа беше доволна причина за големо славје во редовите на тетовските „црвено-црни“, во кои се чини дека „диригент во славјето“ е како и по обичај, Благоја Тодоровски.

Претходно го предводеше славјето во соблекувалната качен на маса, овој пат неговите соиграчи го сочекаа да се појави во соблекувалната, за славјето да започне на вистински начин.

А како за увертира на славјето, неговите соиграчи му подготвија песна од мега популарниот филм „Роки Балбоа“, Тодоровски влезе во соблекувалната со пешкир на себе во стил на боксер, за на крајот да го подигне како пехар, по што почна славјето...