Категорија: Јужна Америка 07.08.2017 23:27
Барселона и Чапекоенсе одиграа пријателски натпревар на Камп Ноу, на кој Каталонците победија со убедливи 5-0.
Но, победата на Барселона беше во сенка на емотивниот момент кој се случи на почетокот од мечот.
На стартот излегоа само преживеаните тројца фудбалери од големата авионска несреќа, беа наградени со голем аплауз од публиката, но не можеа да ги задржат солзите.
Потоа на сцена стапи новиот тим на Чапекоенсе кој го играше мечот со Барселона.