24фудбал

„И стаорците си ги спакуваа куферите и си заминаа” – фан на Јунајтед се пожали за хотелот во кој престојува во Скопје (ФОТО)

Навивач на „Црвените ѓаволи“ од Виган се огласи на социјалните мрежи за да се пожали за собата каде преноќува во Скопје за Суперкупот на Европа

Останато

Пред неколку недели медиумите од „Островото“ пишуваа за алчните сопственици на хотели во Македонија, кои со цел да заработат повеќе не ги почитуваат основите принципи на нивната работа. Цените рипнаа вртоглавао, а дури и оние кои претходно имаа резервирано им беше побарано да доплатат дополнителни 500 до 900 фунти.

44 годишниот Стив од Виган ги немал овие проблеми, нашол соба во Скопје за пристојна цена, но навивачот на Манчестер јунајтед останал разочаран кога видел каде треба да преноќи.

Тој незадоволството веднаш го пренесе на социјалните мрежи и на Твитер напиша: „Сум престојувал во некои страшно лоши хотели, но овој во Скопје е над сите. Собите се катастрофа, не се се доправени и се колнам, видов неколку стаорци како си ги пакуваат куферите и си одат. Навистина лошо”.

„Останав шокиран кога влегов и кога тој ми побара да платам. За малку ќе го фрлев преку прозор”.