24фудбал

Момент кој крева голема прашина: Дали ја видовте реакцијата на помошникот судија при голот на Касемиро ? (ВИДЕО)

Чудна реакција на помошникот судија на европскиот Суперкуп при контроверзниот гол на Касемиро.

Останато

Водечкиот гол на Реал Мадрид на дуелот со Манчестер јунајтед, дело на Касемиро сеуште ја разбранува фудбалската јавност, на големо се постави дилемата дали голот на Бразилецот беше регуларен, или пак постигнат од офсајд ситуација.

Одредени медиуми фатија еден мошне спорен детал при оваа ситуација во 24. Минута, каде помошникот судија на мечот за момент го крена знаменцето да сигнализира офсајд ситуација, но се чини како да немаше храброст да ја донесе таа одлука или пак не беше сигурен во истата, по што веднаш го спушти и голот беше признат за регуларен.


Она што е исто така интересно од целата оваа ситуација, е фактот што Касемиро по голот веднаш го упати погледот кон помошникот судија, при што се задржа неколку секунди, за потоа да го прослави истиот.