24фудбал

Милан испрати понуда за Фалкао, Монако ја одби, познати се деталите

Италијанскиот калчолигаш Милано испрати солидна понуда за Колумбиецот, но истата беше одбиена.

Италија

Според информациите кои пристигнуваат од Франција, тамошните медиуми велат дека Милан испратил понуда до Монако, за напаѓачот Радамел Фалкао.

Сепак, „Франс Фудбал“ пак известува дека првичната понуда за 31 годишниот Колумбиец во висина од 30 милиони евра била одбиена, па останува отворено прашањето до каде е подготвен да оди во оваа мисија екипата на Милан.

Познато е дека претставници на Милан имале директни средби со Жорге Мендеш, агентот на напаѓачот, па се појавува дилема дали едната страна е договорена, па останува конечниот одговор да го даде Монако.

По неколкуте повреди кои го следеа Колумбиецот во неговата кариера, тој се пронајде себе си во Франција, минатата сезона на 29 натпревари постигна 21 погодок, вклучувајќи 5 гола во 8 натпревари во Лигата на шампионите.