24фудбал

Недоразбирање во Рома, Интер за момент до мега засилување, Мончи ја стопираше операцијата

Спортскиот директор на Рома го блокираше трансферот на Белгиецот во ривалот Интер.

Италија

Според најновите информации кои пристигнуваат од Италија, тамошните медиуми пренесуваат дека речиси сите детали биле договорени околу продажбата на Раџа Наинголан во Интер, ситуацијата отишла до таму што дури и раководството на Рома дало зелено светло, но сепак овој трансфер нема да се реализира а познати се и деталите.

Спортскиот директор на тимот од Рим, Мончи изразил големо незадоволство од начинот на кој што клубот генерално постапил во оваа ситуација, истакнал дека доколку се случи продажба на еден од најдобрите фудбалери во Серија А, нема да се двоуми да го напушти клубот.

На крајот претседателот на Рома, Џејмс Палота наишол на разбирање на спортскиот директор на клубот по што се согласил клубот да ги одбие сите понуди за Белгиецот, барем во овој момент.