24фудбал

Нејмар се договорил со ПСЖ уште во јуни, ја лажел Баса месец дена поради една причина

Весник од Португалија вели дека дошол до доверливи документи од кои се гледа дека Нејмар уште во јуни го договорил трансферот во ПСЖ но молчел за од Барса до добие премија од 26 милиони евра

Шпанија

Бразилецот на почетокот од овој месец до „Каталонците“ достави чек вреден 222 милиони евра со кој си откупи договорот и се пресели во ПСЖ.

Но според пишувањата на Кореио да Мања, Нејмар уште во јуни се договорил со „Светците“ и месец дена ја влечел Барса за нос.

Весникот вели дека дошол до доверливи документи од кој се гледа дека ПСЖ уште на 30. јуни имал испланирано се околку пристигнувањето на наппаѓачот во Париз.

ПСЖ имал резервирано авион кој требал да го пренесе Нејмар и неговите соработници во престолнината на Франција, договорени биле детали од неговата презентација, веќе биле ангажирани лица за обезбедување и планот бил да присуствуваат повеќе од 500 новинари за историскиот трансфер.

КМ исто така пишува дека дури шест агенти (Пини Захави, Марсело Симониам, Жуан Фигер, Вагнер Рибеиро, Мохамед Афзал и Умерто Паива), плус и таткото на Нејмар требале да добијат провизија за зделката.

Но Нејмар во ниту еден момент на Барса не и кажал дека заминува со цел да ја добие провизијата од 26 милиони евра, која „Каталонците“ требаше да му ја исплатат на 31. јуни, на крајот одбија да го сторат тоа и веројатно двете страни ќе завршат на суд.