24фудбал

Алими упати бомба која Гачевски немаше шанси да ја одбрани, Жуниор го дуплираше водството на Шкендија (ВИДЕО)

Со головите на Алими и Жуниор Шкендија води со 2-0 против Вардар.

Македонија

Големото дерби помеѓу вицепрвакот Шкендија и актуелниот бранител на титулата во нашиот домашен шампионат Вардар, го одбележуваат воведното коло од Првата Македонска Фудбалска Лига.

Шкендија поведе со мајсторијата на Алими во 61. минута, а вардаровиот голман Гачевски едноставно немаше можност да ја одбрани оваа бомба која ја упати фудбалерот на домаќините.

За кратко, само пет минути подоцна, Шкендија поведе и со 2-0 со голот на Жуниор.