24фудбал

Клоп проговори за барањето за трансфер од страна на Кутињо

Германскиот стратег по ремито со Ватфорд на пресконференцијата за медиумите беше запрашан и за ситуацијата со Кутињо.

Англија

Ливерпул одигра реми на гостувањето кај Ватфорд во првото коло од Премиерлигата, „Редсите“ имаа водство но не го сочуваа до самиот финиш.

По мечот, Јирген Клоп од страна на новинарите на пресконференцијата беше запрашан да ја прокоментира новонастанатата ситуација со Филипе Кутињо, Бразилецот за кого медиумите на Островот пишуваа дека побарал да биде ставен на трансфер листата, само неколку часа по соопштението на раководството на клубот кое истакна дека нема намера да го продаде Кутињо.

Морам да ја прифатам одлуката на раководството на клубот, и понекогаш одлуката на фудбалерите. Во овој момент фокусиран сум само на тимот, немам време да размислувам на оваа тема, морам да се подготвувам за следните предизвици. До овој момент, до мене не стигнало барање за трансфер“ издвои Клоп.