24фудбал

Македонија со претставник во групите од Лигата на шампионите во младинска конкуренција

Шампионот на Македонија во младинска конкуренција за фудбалери до 19 годишна возраст во групите од елитното европско клупско натпреварување.

Македонија

Младинскиот тим на Шкендија оваа сезона ќе игра во групите од Лигата на шампионите, станува збор за категоријата за фудбалери до 19 годишна возраст за кои ова ќе биде огромно искуство.

На официјалниот клупски сајт на тетовскиот клуб излезе и потврда за оваа вест, во која се вели дека ова е прво учество во елитното европско клупско натпреварување, а воедно и историски успех за самиот клуб.

Екипата на Шкендија за фудбалери до 19 годишна возраст е инаку првак во оваа конкуренција во нашата земја.


Извор/Фото: kfshkendija.com