24фудбал

Вејн Руни стави крај на репрезентативната кариера

Искусниот фудбалер чиј прв гол во дресот на Гордиот Албион беше против Македонија, реши да се повлече од својата репрезентација на 31 година.

Англија

Фудбалерот на Евертон се реши да стави крај на настапите во националниот дрес, оваа одлука ја донел по консултација со неговото семејство.

Мислам дека ова е вистински момент за оваа одлука, беше тешка, но по разговорот со моето семејство одлучив да ставам крај на настапите во репрезентативниот дрес, засекогаш ќе останам страствен навивач на Англија“ објави денеска Вејн Руни на социјалните мрежи.

Интересно, првиот гол Руни во дресот на Гордиот Албион го има постигнато токму против Македонија, и тоа во Скопје, во рамките на квалификациите за Европското првенство во Португалија, 2004, каде гостите си заминаа од нашата земја со триумф од 1-2.


Во репрезентацијата на Англија, 31 годишниот офанзивец постигна 119 погодоци во вкупно 53 одиграни натпревари.