24фудбал

Албански Спорт Експрес: Македонска лекција, за еден месец до стадион за националниот тим!

Дел од медиумите во Албанија со пофалби за нашата земја во макотрпната и пред се’ брза и ефикасна работа околу подновувањето на стадионот „Младост“ во Струмица.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација во Струмица на реновираниот и подновен стадион „Младост“ ќе ја пречека селекцијата на Албанија во рамките на осмото коло од групата „Г“ во квалификациите за СП Русија 2018.

Албански „Спорт Експрес“пишува за стадионот во Струмица кој во експресен период беше подновен иподготвен за да добие дозвола од УЕФА и ФИФА за одигрување на еден натпреваркако што е тој утрешниот.

Македонска лекција, за еден месец до стадион на кој може да игра националниот тим“ пишува во својот наслов албанскиот медиум.


Струмица има нормален стадион од втора класа, но ние не сакаме да го имаме истото, а Македонија – Албанија ќе се игра на таков стадион. Тука не говориме за тоа што за овој натпревар постоеше страв од инциденти и слично, тоа е дебата која нене носи никаде, ФИФА и УЕФА одлучија: стадионот во Струмица е ОК, како за националниот тим, така и за некои квалификациски рунди во Европа“ пишува „Спорт Експрес“.

Месец дена работа, повеќе или помалку, две монтажни трибини изградени зад головите, некои нови безбедносни мерки, малку труд во изгледот и... така, Македонија си доби квалитетен стадион, освен оној за големите натпревари во Скопје, кој беше домаќин на Суперкупот на Европа, каде се судрија Реал Мадрид и Манчестер јунајтед“ додава албанскиот медиум.

Истовремено, ние се фалиме дека одиме во Европа, се фалиме дека сме одлични во натпреварите од Европа веќе неколку години за нашите клубови, но Кукеши има скандалозен стадион што УЕФА дури не го смета за место каде би се одиграл некој натпревар од Европските купови, додека пак Скендербег игра до втората квалификациска рунда дома, а потоа е приморан да игра во Елбасан“ коментира Спорт Експрес со доза на критики за состојбата на стадионите во Албанија а завршува со зборовите „И на крај се споредуваме со Македонија!“.

Во првиот дуел помеѓу овие две селекции, Албанија во Скадар славеше со 2-1, на табелата во нашата конкуренција води Шпанија (19) по неа следи Италија (16) па Албанија (12). Евентуална победа утре (20,45) ќе ни донесе голема можност да го нападнеме третото место во групата, сепак пред нас е Израел со три бода повеќе (9).