24фудбал

Алиоски: Нашата работа е да играме фудбал, не да „бистриме“ политика... дали беше фер ремито? ние бевме подобри!

Селекцијата на Македонија одигра реми со резултат 1-1 против Албанија на домашен терен, во рамките на мундијалските квалификации.

Македонија

Се чини дека постои големо разочарување во нашиот табор од крајниот исход во Струмица, а за тоа говори и изјавата на Езгјан Алиоски по мечот, кој притоа се осврна и на тоа што за овој натпревар се стравуваше од можни инциденти, тој коментираше дека фудбалерите не треба да ги интересира политика.

Ние не се занимаваме со политика, нашата работа е да играме фудбал, имам многу пријатели во Албанија, а за тоа дали беше фер исходот? Ќе бидам искрен, ќе кажам дека имавме многу повеќе шанси од нашиот противник, но направивме истовремено и многу грешки. Создадовме многу шанси, требаше да победиме...“ изјави популарниот „Џани“ по мечот.

Доколку ја споредам онаа Албанија каде загубивме во Скадар со 2-1, очекував многу повеќе од нив вечерва, ги имам гледано во многу подобри изданија од вечерашново, како и да е, тие го сменија селекторот, мислам дека ќе бидат многу подобри сега...“ додаде Алиоски.

 

Извор/Фото: sportekspres.com