24фудбал

Нов кикс на Аргентина, пласманот на СП виси во воздух (ВИДЕО)

Аргентина одигра само 1-1 на домашен терен против Венецуела и на две кола до крајот на квалификациите за СП се наоѓа во незавидна позиција, мака мачи и Чиле кој загуби на гостувањето кај Венецуела.

Јужна Америка

Аргентина играше со последнопласираната Венецуела и сите предвидувања беа дека лесно ќе дојде до победата, но одигра само 1-1.

Венецуела поведе во 51. минута со гол на Муриљо, три минути подоцна Аргентина изедначи со автогол на Фелчер.

На две кола до крајот Аргентина се наоаѓа на петтата позиција која води во бараж, има само еден бод повеќе од Чиле на кој исто така игра во очајна форма.

Чилеанците синоќа загубија на гостувањето кај Боливија со 1-0.

Дербито се играше помеѓу Колумбија и Бразил. Бразилците поведоа со гол на Вилијан пред самиот крај на првото полувреме, изедначи Фалкао во вториот дел.

Перу дојде до многу важна победа на гостувањето кај Еквадор од 2-1, триумф кој го однесе на четвртата позиција. Со истиот резултат уругвај победи кај Парагвај.