24фудбал

Твитер реакции во Англија: Го гледав мечот на Македонија само да се осигурам дека Алиоски нема да се повреди! (ФОТО)

Македонскиот фудбалер веќе е миленик на фановите на славниот англиски клуб, тие повеќе беа загрижени за неговиот настап, отколку за настапите на Англија.

Македонија

Македонија одигра само реми со резултат 1-1 против Албанија на домашен терен во квалификациите за СП Русија 2018, а нашите фудбалери имаа офанзивна игра како ретко досега, целосна доминација на теренот исполнета со многу шанси, но недостигаа повеќе голови за триумф.

Натпреварот кој се одигра во Струмица бил следен на големо и од навивачите на англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед, најмногу поради нивниот фудбалер, а воедно и наш репрезентативец, 25 годишниот офанзивец Езгјан Алиоски.

Некои сакаа да го гледаат неговиот настап и да уживаат во неговата игра, некои пак, гледале бидејќи биле загрижени за евентуална повреда на нивниот веќе омилен фудбалер...

Алиоски најдобар фудбалер во ова полувреме

Уклучив да го гледам натпреварот на Македонија пред само десетина минути и видов четири обида на Алиоски и околу четири минувања


Алиоски е друга класа на овој натпревар

 

Што е со Лидс јунајтед, морав да го гледам натпреварот помеѓу Македонија и Албанија само да се осигурам дека Алиоски нема да се повреди!

 

Искрено, повеќе се погрижив за исходот на натпреварот на Македонија, отколку на Англија, што ти е живот...

 

Фото-вест: Кочо Сотировски (24фудбал, Македонија - Албанија)

Извор: hitc.com