24фудбал

Проблеми за Мурињо и Јунајтед, Погба се повреди против Базел

Жозе Мурињо и „Црвените ѓаволи“ нервозно ќе ги исчекуваат вестите за ситуацијата на Пол Погба, Французинот се повреди на дуелот со Базел

Лига на Шампиони

Пол Погба имаше чест да ја носи капитенската лента на враќањето на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, но тој нема по убаво да го памети овој натпревар.

Французинот се пожали на болки и беше заменет во 19. минута. Медиумите од „Островото“ пишуваат дека се работи за повреда на задната ложа.

Деталните тестови во следните денови ќе треба да покажат за што точно се работи и колку време Пол Погба ќе биде надвор од стројот.