24фудбал

Работнички и Шкендија ремизираа во првата нивна пресметка од осминафиналето од Купот на Македонија

Комплетирани се првите дуели во осминафиналето од Купот на Македонија.

Македонија

Денеска се одиграа седум од вкупно предвидените осум средби од осминафиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија, а во дербито Работнички на домашен терен одигра реми со резултат 1-1 против својот ривал Шкендија.

Први во водство дојдоа гостите со голот од пенал на Бесарт Ибраими во 37. минута, додека пак израмнувачкиот резултат го постигна Филип Дурански во 68. минута, резултат кој остана до крајот на средбата која се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Од останатите средби, бранителот на титулата, битолски Пелистер славеше во првата пресметка со Борец (4-2), додека пак Скопје е со една нога веќе во четвртфиналето откако на домашен терен обезбеди победа од 3-0 над Еуромилк.

 

Резултати од првите натпревари во осминафиналето од Купот на Македонија, реванш средбите се предвидени да се одиграат на 18 октомври:

Брегалница – Победа 2:3

Работнички – Шкендија 1:1

Пелистер – Борец 4:2

Ренова – Струга Трим Лум 3:2

Скопје – Еуромилк 3:0

Кожув – Тетекс 2:2

Силекс – Академија Пандев 1:0

Мечот помеѓу Вардар и Шкупи е одложен.

 

Фото: fkrabotnicki.com