Категорија: Лига на Шампиони 13.09.2017 22:47
Марибор успеа да стигне до бод во дуелот на домашен терен со Спартак Москва во првото коло од групата „Е“ каде Ливерпул и Севилја ремизираа со 2-2.
Сепак, мечот во Марибор не можеше да мине без инциденти, па така гостинските навивачи најпрво запалија бакљи на трибината од „Људски врт“, каде што беа сместени, за потоа дел и да фрлат на теренот, а една беше упатена токму кон центарот, каде се наоѓаше германскиот арбитар Ајтекин кој за среќа не беше погоден во оваа ситуација.
— Ball Street (@BallStreet) September 13, 2017