24фудбал

„Детинскиот“ потег на тренерот на Севилја ги активираше социјалните мрежи, тој сега има само девет години! (ВИДЕО + ФОТО)

Социјалните мрежи се активираа, а кога тие ќе го направат тоа, тогаш доаѓа она најдоброто, овој пат настрада стратегот од клупата на шпанскиот прволигаш Севилја, се чини и повеќе од заслужено.

Лига на Шампиони

Ливерпул и Севилја ремизираа во Лигата на шампионите, а еден потег на гостинскиот тренер, Аргентинецот Едуардо Берицо предизвика лавина од реакции, пред сепоради тоа што е далеку од ферплејот.

При минимално водство на домаќините од 2-1 во 60. минута, Берицо наместо да му ја даде, или пак остави на земја топката, за Гомез да изведе аут, Аргентинецот се реши на потег што му донесе ем исклучување во оваа фаза од мечот во Ливерпул, ем потсмев на социјалните мрежи, кои веднаш се активираа.

„Детинската реакција“ на Берицо му донесе информации на интернет дека тој во моментов има само девет години...